Управа за хидрометеоролошки работи најавува метеоролошка нестабилност за Тетовско.
„Според радарските слики и движењето на нестабилната воздушна маса, се очекува наскоро Тетовскиот регион да биде зафатен со невреме од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град“, велат од таму.