Запрашан за став за партијата ЗНАМ, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен Печат истакна дека формирањето и дејствувањето на тој блок може да се гледа и како ослободување на СДСМ од одреден товар.
„Погледнете што се случува, ви излегува ЗНАМ, се откинува од партијата и оди на спротивната страна, односно е сојузник со она што е сосема обратно од она што е социјалдемократска идеологија. Мене ако ме прашате тоа расцепкување можеби во овој момент и му одговара на СДСМ, можеби е добро тоа што ЗНАМ е сојузник со ВМРО-ДПМНЕ и е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ во власт каде ВМРО-ДПМНЕ и без тоа има мнозинство, мислам дека СДСМ е ослободување од еден товар, товат што се коси со се што е социјалдемократска база“ посочи тој.
Ако постојат уште такви товари, додава Забрчанец, можеби е подобро СДСМ поскоро да се ослободи од тие товари за поскоро да почне да биде носител на еден нов процес на обединување на се што е демократско