Откако попладнево предизвика штети во Дебар, Гостивар и Тетово, невремето вечерва пристигна во Скопје.
„Нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи“, најавија претходно од УХРМ.
Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Ѓорче Петров движејќи се кон центарот на градот.
Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.