Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО.
Во честитката, министерот Муцунски нагласи дека лидерството на идниот Генерален секретар ќе биде особено значајно, во контекст на безбедносните предизвици со кои се соочуваме. Воедно, изрази подготвеност за соработка во насока на зајакнување на НАТО Алијансата.