Синдикатот на вработени во филмската и ТВ-индустријата соопшти дека постигнал прелиминарен тригодишен договор со водечките холивудски студија што вклучува зголемување на платите и регулирање на употребата на вештачка интелигенција (ВИ).
Следно, Синдикатот треба да го усвои договорот со Здружението на филмски и ТВ-продуценти коешто ги вклучува „Дизни“, „Нетфликс“ и други студија.
Постигнатата спогодба вклучува зголемување на платите во опсег од 3,5, четири и седум отсто во период од три години, соопшти синдикатот.