Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници, информираат од Министерството
„Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација. По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета. Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите“ се наведува во соопштението.