Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка од местото викано Осички мост до Технички преглед од ноќеска во 23.40 часот. Сообраќајот е во прекин во двата правци поради нанос на песок од невремето, информира АМСМ.
Поплавен и отсечен е и патот кај кривопаланчекото Село Станци со околните места, како и ул. „Петар Драпшин бор“ 44 – Куманово.