Медиумите во Србија со остри тонови реагираа на средбата на претседателката Гордана Силјановска – Давкова со косовскиот амбасадор во државава.
„Силјановска Давкова ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово“ се најчестите наслови со кои српските медиуми ја испратија средбата на македонската претседателка со косовскиот амбасадор Флоријан Ќехаја.
Во своите написи, медиумите во нашиот северен сосед се повикуваат на официјалното соопштение од кабинетот на Сиљановска – Давкова.
Инаку Србија не ја признава независноста на Косово, а Белград и Приштина се во постојан судир.
Истовремено, етничките Срби во Македонија добија министер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, во името на Иван Стоиљковиќ, но за разлика од српските медиуми, тој до сега нема реагирано.