Аеродром доби нов татко на општината. Имено, утрово веќе поранешниот градоначалник Тимчо Муцунски изврши официјално примопредавање на функцијата која досега ја извршуваше тој, а сега на негово место доаѓа Дејан Митески. Муцунски самиот чин го сподели на социјалните медиуми, во целост прочитајте го во продолжение:
” Утрово во Општина Аеродром, заедно со веќе актуелниот заменик градоначалник на општината Дејан Митески, извршивме официјално примопредавање на функцијата.
Аеродром останува во рацете на вреден и посветен човек, кој во минатото преку својата позиција како претседател на советот, даваше сериозен придонес во функционирањето и развојот на општината.
Голема благодарност до граѓаните на Аеродром и до општинската администрација за целата поддршка и соработка во изминатиот период”.