Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска во интервју за Прес24.мк порача дека внатрепартиските избори во СДСМ ќе бидат првиот тест дали партијата ја научила лекцијата.
„Прв сериозен предизвик на кој СДСМ треба да покаже дали сме ја научиле лекцијата од изгубените избори се внатрепартиските избори. Од оние информации кои стигнуваат до мене овие денови, за жал на чекор сме да ни се случи фијаско. Добивам пораки дека дел од општинските организации не биле отворени цело време и не овозожиле регистрација на сите членови кои сакаат да гласаат, личните податоци на членовите се злоупотребени од страна на двајца кандидати и се пријавувани членови кои веќе не се во СДСМ. Ова ме загрижува и за жал за некои од кандидатите овие избори не ги гледаат како одлучувачки за иднината на СДСМ, туку за својата иднина“ порача Петровска.
Таа посочи дека не е кандидат ниту на актуелното, ниту на претходното раководство, туку напротив дел од нив и пратеничката група се во поддршка на другите кандидати.
„Но тоа мене не ме обесхрабрува. Всушност тоа ме разликува од останатите дека не сум ничија продлжена рака, туку сум своја. Грешката што се направи во минатото кога на критиките на нашите сопартијци се молчеше и тие беа игнорирани, тргнати на страна, јас нема да ја повторам.Ќе направам место за секој член на СДСМ кој сака да дејствува исклучиво во интерес на партијата, тоа е мојот повик за обединување.Многумина се плашат од мојата кандидатура, заради искрениот и чесен пристап да ги исправам неправдите кои му се нанесени на СДСМ и на членството. И заради таа моја искреност некои ме сметаат за наивна. Не сум воопшто наивна, само сум истрајна и упорна СДСМ да успее да илезе од маѓепсаниот круг“ истакна Петровска.