Продолжува смената на кадри во државните институции, после стапување во сила на новата Влада предводена од Христијан Мицкоски.
Александар Јанев е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Сашо Петрушевски, пак, е именуван за нов државен секретар во Министерството за внатрешни работи.
Овие две одлуки ги откри Панче Тошковски после првата владина седница денеска.