Победник во првиот круг на парламентарните избори во Франција е Националниот Фронт со освоени 34% од гласовите. На второ место се левичарите обединети во Новиот народен фронт со освоени 28,1 % од гласовите. Партијата на претседателот Макрон е на третото место со освоени 20,3% од гласовите на овој прв круг од предвремените парламентарни избори кои уследија по поразот на парламентарното мнозинство на претседателот Макрон на европските избори оддржани на 6 Јуни годинава.
Со 10,2 % поддршка останаа некогаш моќните Републиканци. Кој ќе застане на чело на новата француска влада во овој момент е најасно со оглед на тоа што екстремната десница се уште нема апсолутно мнозинство како ни обединетата левица која го освои второто место. Кој со кого и како во новата влада ќе биде појасно на 7 Јули кога ќе се оддржи вториот круг на овие парламентарни избори. Во секој случај какви и да се резултатите по вториот круг претседателот Макрон нема да ја има владата под негова контрола каков што беше случајот до денеска.
Овие избори ги одбележа високата излезност особено помладата популација.