Илјадници луѓе се собраа во Париз на протест против десницата по објавувањето на резултатите од првиот круг од парламентарните избори во земјата.
Француските медиуми пренесоа дека демонстрантите демолирале излози, а имало судири со полицијата која , пак, возвратила со солзавец.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во првите реакции по првиот круг од предвремените избори повика да се формира поширок републикански собир пред вториот круг од изборите. На европскиот самит во Брисел, откако минатата недела предупреди дека Франција ризикува „граѓанска војна“ доколку на власт дојде партијата предводена од Марин Ле Пен или левичарската коалиција „Новиот народен фронт“, Макрон рече дека неограничениот расизам и анти-семитизмот ќе бидат ослободени во земјата“.
Изборите беа ненадејно распишани од Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.