Денес го поднесов Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства со кој треба да се исправи неправда кон семејствата на загинатите припадници, објави пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
„Во минатото со одлука на Владата во периодот 2006-2016 беа исплатени надоместоци за загубите, но тие не се однесуваа на сите припадници подеднакво. Ништо не може да ја надомести болката за загубеното чедо, сопруг, татко, брат, но нееднаквоста боли повеќе. Со прифаќање и усвојување на овој предлог се оддава признание на сите загинати припадници подеднакво“ пишува Петровска.