Силно невреме со грмотевици попладнево ја зафати Словенија и северозападните делови на Хрватска со тенденција да се придвижи кон Унгарија.
Силната бура ја зафати областа северно од Новo Место во Словенија, а паѓаше и град со дијаметар од најмалку два сантиметри во близина на Шентвид.
Од Агенцијата за животна средина (Арсо) од каде што издадоа портокалово предупредување за целата држава, предупредија дека невремето ќе продолжи во попладневните и вечерните часови