Наслагите на мраз се јавуваат од вишокот на течност и влага во фрижидерите и замрзнувачите. Најпрво треба да се погрижиме намирниците и храната во кесичките да бидат добро затворени и спакувани и соодветно складирани во замрзнувачот. Покрај фактот дека новите уреди на пазарот денес се со технологија „без мраз“, многумина сè уште го имаат овој проблем.
За да спречите формирање на мраз на ѕидовите на фрижидерот, прво исчистете го, односно одмрзнете го и фрижидерот и замрзнувачот. Откако целосно ќе го исчистите уредот, исушете ги сите ѕидови и полека премачкајте ги со масло. Маслото треба да го отежне создавањето и формирањето на нов мраз. Мразот најчесто е предизвикан од вишокот на влага во фрижидерот и замрзнувачот, па затоа секогаш треба да внимавате на сите кеси со храна што ги чувате внатре. Погрижете се сите кутии и кеси со храна да бидат добро затворени за да излегува што помалку вода од нив.