Популарната алатка за преведување „Гугл транслејт“ (Google Translate) воведе превод и на ромски јазик.
Новата опција е достапна на страницата на Google Translate, каде што за ромски јазик се избира опцијата Romani.
„По многу години барајќи од Google со McCann Worldgroup Romania да ни помогне да учиме ромски на интернет, со задоволство гледаме дека конечно, мајчиниот јазик на најголемото европско малцинство, е индексиран во Google и може да се користи во Google Translate! О Google siklilo i Romani ćhib! (Goole го научи ромскиот јазик)“, објавија Ромите за демократија – Романија. (Цивил).