Неколку денови по формирањето на Владата, продолжуваат смените на директори на органите од државната управа.
Како што дознава 24инфо.мк, членот на Извршниот комититет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување.
Александар Пандов, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на патриотскиот инститтут, ќе раководи со Управата за извршување на санкциите.
Гоце Димовски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, ќе директорува со Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, каде директор до денеска беше Јован Деспотовски од СДСМ.
Промени на директорските места ќе има и во следниот период.