На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.
„За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени лица 1. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности“ информираат од ЦУК.