Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, по ова освежување кое го имаме од денес, а истото ќе се задржи и во текот на утрешниот ден веќе од петок, а особено за време на викендот и во првите денови од следната седмица повторно нашата територија ќе подпадне под влијание на топол бран од Африка.
Токму поради ова и температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до близу 40 степени.
Многу повеќе детали околу ова очекувајте во следните мои метео објави.