Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува во наредните месец и половина до два издавањето на патните исправи да се нормализира, односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Тошковски рече дека во најголемите гужви за патни исправи се чекало и по дури 80 денови, но сега рокот е значително намален.

ОД АСПЕКТ НА ЧЕКАЊЕТО, ДА, СЕ ЧЕКА СЀ УШТЕ, НО ОТПРИЛИКА ЗА МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА ДО ДВА, НАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА СЕ ДЕКА СО КОНТИНУИРАНО ПРОИЗВОДСТВО НА БРОЈКИТЕ КАКО ШТО БЕШЕ ПОСЛЕДНИТЕ 4 МЕСЕЦИ, ПАК ПО 80.000 МЕСЕЧНО, ЗАТОА ШТО БРОЈКАТА НА ФОТОГРАФИРАЊА Е НАМАЛЕНА ОТПРИЛИКА НА ПОЛОВИНА ВО СПОРЕДБА СО ОНА ШТО БЕШЕ ПРЕТХОДНО, НИЕ ЗА ДВА МЕСЕЦИ ОД СЕГА ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ВО НОРМАЛА. АКО ГРАЃАНИНОТ СЕ ФОТОГРАФИРА, ЕВЕ ДА РЕЧЕМЕ НА ПРВИ, ЗА 15-НА ДЕНОВИ ВО РАМКИ НА ЗАКОНСКИ ДОЗВОЛЕНИОТ РОК, ВО РАМКИ НА РЕДОВНА ПОСТАПКА ДА СЕ СТЕКНЕ СО ПАТНА ИСПРАВА, РЕЧЕ ТОШКОВСКИ.

Според него во изминатите пет месеци се издадени околу 400.000 патни исправи, и тоа се бројки, според неговите зборови, кои претходно се работеле и по две години.

МИСЛАМ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ВИДОА ДЕКА ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ, АКО НИШТО ДРУГО, БАРЕМ ИМАШЕ ВОЛЈА И МАКОТРПНА ПОСВЕТЕНОСТ НА МОЈОТ ТИМ ВО ДЕЛОТ НА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, КАКО ВО ДЕЛОТ НА ЗАКАЖУВАЊЕ, ТАКА И ВО ДЕЛОТ НА ФОТОГРАФИРАЊЕ И ВО ДЕЛОТ НА ИЗДАВАЊЕ. ФАКТ Е ДЕКА ОНА ШТО ГО СРАБОТЕВМЕ ЗА ОВИЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ СЕ БРОЈКИ КОИ ШТО ПРЕТХОДНО ГИ РАБОТЕЛЕ ДВЕ ГОДИНИ ИЛИ ПОВЕЌЕ. НИЕ ЗА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ УСПЕАВМЕ ДА ФОТОГРАФИРАМЕ И ИЗДАДЕМЕ НЕКАДЕ ОТПРИЛИКА НАД 400.000 ПАТНИ ИСПРАВИ. ТАКА ДА МИСЛАМ ДЕКА ОНА ШТО МОЖЕШЕ ДА СЕ НАПРАВИ – СЕ НАПРАВИ И ГРАЃАНИТЕ ГО ВИДОА ТОА, НО ФАКТ Е ДЕКА ПРОБЛЕМОТ СЀ УШТЕ ГО ИМА, И ФАКТ Е ДЕКА ИСТО ТАКА БРОЈКИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ, РЕЧЕ ТОШКОВСКИ.

Посочи и дека издавањето на патни исправи по итна постапка исто така е вратено во нормалниот рок од 48 часа.

И ПРЕТХОДНИОТ ПЕРИОД И СЕГА, ВО СЛУЧАЈ КОГА ИМАМЕ ИТНИ СЛУЧАЕВИ ОД АСПЕКТ НА ЗДРАВСТВЕНИ БОЛЕСТИ ИТН, КОИ НЕ ТРПАТ ОДЛАГАЊЕ, ТОА СМЕ ГО ЗАВРШУВАЛЕ И ЗА ЕДЕН ДЕН, СЕ РАЗБИРА СО СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ВО РЕДОВНА ПОСТАПКА. ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПРИВАТЕН АСПЕКТ ДА ПАТУВААТ, А ПРИТОА МОРА ДА СЕ СТЕКНАТ СО ПАТНАТА ИСПРАВА ЗА КРАТОК ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД, СЕГА ОД ЗАКАЖУВАЊЕ ДО ИЗДАВАЊЕ СМЕ ВО РАМКИ НА ЗАКОНСКИОТ РОК ОД 48 ЧАСА. ГОРД СУМ НА МОЈОТ ТИМ ЗАРАДИ ТОА ШТО СО ДОБРО МЕНАЏИРАЊЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД УСПЕАВМЕ ДА ДОЈДЕМЕ ДО ОВАА СИТУАЦИЈА, КАДЕ ШТО СЕПАК ЌЕ МОЖЕМЕ ДА СЕЛЕКТИРАМЕ НА НЕКАКОВ НАЧИН ШТО Е ПРИОРИТЕТ И ТОА НЕ Е ДОВОЛНО, ТОА Е ФАКТ, НО ВО РАМКИ НА МАКСИМУМОТ КОЈ МОЖЕВМЕ ДА ГО ДАДЕМЕ, ТОА БЕШЕ ТОА ШТО МОЖЕВМЕ ДА ГО СТОРИМЕ, РЕЧЕ ТОШКОВСКИ.

Тошковски порача дека за во иднина ќе се бара софтверско решение кое ќе ги поедностави процедурите, и граѓаните ќе можат со едно фотографирање и една апликација да извадат повеќе документи, наместо како што е сега – посебно фотографирање за секој личен документ, патна исправа или возачка дозвола.

Треба да знаете
Последни објави