Иако пред само една недела министерката за образование и наука, Весна Јаневска се пофали дека оваа учебна години на време, односно на почетокот на учебната година ќе има учебници за сите, денес таа ретерираше од првичните позиции.
Јанева денеска самата себеси се демантираше, изјавувајќи дека ниту еден ученик од седмо одделение нема да има учебници на почетокот на учебната година.
„Не само што ниеден учебник за седмо одделение не е даден за печатење, туку огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, не е креиран учебникот. Некои не поминале ни рецензија. Волшебно стапче да имаме ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Оттука, веќе неколку дена траат преговорите и разговорите со Бирото за развој на образованието за да го надминеме овој проблем со идејата дека децата и оваа година треба да учат од старите учебници, односно од учебниците што се користеле оваа година“ изјави министерката Јаневска.
Инаку пред само една недела Јаневска најави дека на почетокот на учебната година ќе ги има сите учебници (барем за основното образование).
„Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците“ рече пред една недела Јаневска.