Корисниците од Дебар, селата Селокуќи, Спас, Баниште и Крифци, како и граничниот премин „Блато“, утре (5 јули) од 9:40 до 15 часот ќе останат без електрична енергија, информираше Регионалниот центар за управување со кризи – Дебар.
Оттаму додаваат дека прекинот во напојувањето со електрична енергија, според ЕВН, е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.