Директорката на државниот испитен центар Билјана Михајловска денеска на прес конференција информираше дека годинашната средна оценка на матурата е 3,25 и како што потенцираше, иако е пониска од претходните години, сепак е одлична оценка по однос на објективноста.
-Оценката можеби е малку пониска, меѓутоа споредено со она што сме го имале минатата година како начин на фунцкионирање, можам да кажам дека е одлична оценка по однос на објективноста, рече Михајловска.