По свежината од последните неколку дена, повторно се очекува пораст на температурата во земјава, предупредува метеорологот Славчо Поповски. Според него, по свежината што ја имаме овие денови, од денеска, но особено за време на викендот и првите денови од следната недела, ќе се вратат високите температури поради топлотен бран од Африка.
„Токму поради оваа причина температурите ќе имаат тенденција на значителен пораст, така што речиси секаде ќе надминат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели ќе се искачат и до близу 40 степени“, предупреди Попоски.