Доколку навреме се препознае и се лекува, шансата за фатален исход значително се намалува.Ракот на дојка е малигно заболување кое настанува кога нормалните вродени клетки на дојката ги менуваат своите својства и почнуваат неконтролирано да растат, да се размножуваат и уништуваат околното здраво ткиво.Ваквите променети клетки потоа можат да одат до лимфните и/или крвните садови и на тој начин да ја рашират болеста на други делови од телото.Иако самата причина за рак на дојка е непозната во повеќето случаи, бројни епидемиолошки студии покажуваат дека постојат неколку познати фактори на ризик кои се поврзани со развојот на рак на дојка.Доколку навреме се препознае и се лекува, смртноста од рак на дојка значително се намалува. Токму затоа, велат лекарите, е исклучително важно да се реагира кога ќе се појават првите симптоми. Според Експрес, овие симптоми се:
грутка во градите
задебелување или вдлабнување во градите
зголемување на едната дојка
невообичаени промени на кожата на брадавиците и градите
исцедок од брадавиците
болки во градите.
Имено, според податоците на „Cancer Research“ UK, грутките се едни од првите симптоми на рак на дојка кои повеќето луѓе ги забележуваат. Иако повеќето грутки на дојката не се канцерогени, важно е да посетите лекар за да ги проверите.