Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н.Р. од Крушево, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
“Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.