Албанија, Бугарија, Италија и Македонија воспоставуваат коридор за воена мобилност низ своите територии со цел зајакнување на одбранбените капацитети на НАТО, пренесува бугарската новинска агенција „бта“.
Бугарската влада веќе го одобри формирањето на коридорот како дел од иницијативата наменета за зајакнување на воената логистика во рамките на паневропскиот Коридор осум.