Ниту ние, ниту јавноста очекува дека ДУИ ќе нè пофали за нешто. Добро е што се опозиција и треба да се соочат со новата реалност, порача Изет Меџити, прв вицепремиер во владата и министер за животна средина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Посакувам да се позанимаваат малку со себеси и да се реформираат за да бидат конструктивна опозиција, со нови идеи, нови решенија. Нивното секојдневно реагирање покажува дека не можат да се соочат со фактот дека по 20 години се опозиција“, рече Меџити.