Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика.
„Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ.
Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите.