На 07.07.2024 во 20.40 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.Е.(25) од Виница, поради тоа што физички ја нападнал неговата 21-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.