Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 09.07 во 16.20 часот го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, се додава, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.