Денес најтопло со максимална дневна температура од 41 степен е измерена во Демир Капија, во Велес таа изнесуваше 40 степени, додека во Скопје максималната температура денес во 17 часот достигна до 37 степени.
Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места во Македонија во 17 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Во Следните денови ќе биде уште потопло со максимални температури кој речиси насекаде во Македонија ќе се искачат до, па и над 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до околу 43 степени, а за време на овој викенд, како и во текот на следната седмица тие би можеле да бидат дури и повисоки. Во Скопската котлина исто така температурата ќе се искачи до 40 степени, но со тоа што таа би можела да надмине и 40 степени.