Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај с. Пепелиште, каде што во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта.
На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Неготино со 8 пожарникари и 2 ПП возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна процена постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прошири во правец на планината Серта.
Градоначалникот на Неготино достави до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер – за воздухопловна противпожарна (ПП) поддршка на ПП силите коишто дејствуваат по земја.