Спасени три момчиња кои останале заробени на островче во надојдената река Треска

Четири часа траела спасувачката мисија на три 16-годишни момчиња кои во вечерните часови останале заробени на островче во надојдената река Треска.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека акцијата траела со часови.

Откако истекувањето на водата од двете брани било сопрено, специјалните тимови на МВР и жителите од селото Грчец, успеале со чамец да ги извлечат момчињата на безбедно.

Треба да знаете
Последни објави