Македонците од Албанија бараат нов пописот за да се елиминира како што велат, манипулацијата со малцинствата. Во декларацијата од 8 точки објвена од Македонско друштво Илинден Тирана, обвинуваат за пописен фалсификат и велат дека ги отфрлаат резултатите кои според нив, не се прифатливи, но и за останатите малцинства.
Посочуваат и дека и покрај постојаните предупредувања, институциите и власта во Албанија не сториле ништо за како што велат, пописниот фалсификат, но и за грубото мешање на Бугарија пред и за време на статистичката операција.
Од здружението изразуваат жалење и разочараност поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат.