Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска освтари работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки беа разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката.
За време на средбата, министерката Божиновска истакна дека Република Северна Македонија има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партенри на нашата држава и во таа прилика истакна дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.
Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера.
Министерката го запозна соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.