Пријави за нарушување на јавниот ред и мир во скопската населба Капиштец се пристигнати во СВР Скопје. Оттаму велат дека преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот со
– Во СВР Скопје има пријави за нарушување на јавниот ред и мир од страна на повеќе лица со тоа што ги оштетуваат реквизитите и инвентарот во парк „Капиштец“. СВР Скопје презема мерки за утврдување на сторителите на овој чин и за расчистување на случајот. Во насока на превенција од вакви настани раководството на СВР Скопје одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Центар каде беше договорено заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар во насока на воспоставување на посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од оваа општина, велат за МИА од СВР Скопје.
Општина Центар денеска испрати видео снимки на кои се гледаат млади лица како уништуваат детско игралиште во скопската населба Капиштец.
Видео материјалот, како што информираа од Општината, е добиен од граѓани од околните згради близу игралиштето во Капиштец.