Во московското предградие Химки од утрово гори фабрика за производство на керамички плочи, а се уште не се знае дали причина за пожарот е напад на украинските сили или нешто друго.
Она што е алармантно е што Химки се наоѓа на 20 километри од Кремљ.
Површината на пожарот е 2.000 метри квадратни.
Фабриката произведува високотемпературни инсталации, техничка керамика и слично.
Причината поради која се верува дека пожарот е резултат на украинскиот напад е тоа што специфичните продукции може да се користат за руска воена опрема.
Засега нема официјални информации за точната причина за пожарот.