Како што може да се види од камерата на Авто-мото сојузот на Србија – АМСС, долги колони возила се движат полека кон граничните служби на преминот Прешево за излез Србија и влез во Македонија. Македонските гранични служби во функција ги ставија сите расположливи ленти за возилата.
Според денешниот билтен на АМСС, во текот на денот чекањето за излез од Србија во просек траело околу 90 минути. Колку се чека во моментов, нема информација.
Одредиштето на најголемиот број од возилата, според српските медиуми, се туристичките центри во Грција, но има и голем број возила од Македонија, како и од повеќе земји до Средна и Западна Европа.
Од Авто-мото сојузот на Македонија – АМСМ, денеска беше соопштено дека на граничниот премин Табановце од полноќ до 8:30 часот утрово, излез оствариле 1.353 патници, а влез 3.536 возила. Полицијата, велат од МВР, ги презема сите мерки и активности, со цел да излезе во пресрет на сите патници и возила кои го користат овој граничен премин и се ангажираат дополнителни сили, се стават во функција сите расположливи сообраќајни ленти.