ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна улога на колаборант за носење на Мицкоски и ДПМНЕ на власт.
Дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово.
Се уште не разбираат дека се целосно невидливи. Нивните министри се уште немаат добиено ниту дозвола да зборуваат во јавност за нивните ресори.
Нивните обиди за создавање раздор во СДСМ е криење на реалноста. Се повеќе нивни луѓе доаѓаат во матичната партија да изразуваат искрено каење што дозволиле да бидат изманипулирани за лични интереси на малкумина околу Максим.
Затоа, им порачуваме да бидат внимателни во пораките за да не си ги затвораат вратите на кои брзо ќе сакаат да тропнат, велат од СДСМ.