Максималните температури денес беа 24 Попова Шапка, 30 Крушево, Маврови Анови, 31 Лазарополе, 33 Охрид, Претор, 34 Берово, Крива Паланка, 35 Тетово, Прилеп, 37 Битола, 38 Скопје-Зајчев Рид, 39 Струмица, Штип, 40 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 41 Велес, Демир Капија.
Времето денес претпладне беше сончево, а од пладневните часови имаше мала до умерена облачност поголема во западниот дел од републиката. Дуваше слаб до умерен ветер кој повремено беше претежно со северен правец.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб претежно северен ветер.