На 11.07.2024 година во 21.50 часот на улица ,,Браќа Миладинови” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(23) и А.М.(24), двајцата од Тетово. Имено, при претреси на домови и помошни простории кај М.Л. и кај А.М., извршени со судска наредба била пронајдена марихуана.
Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” казниво по член 215 од Кривичниот законик.