Кина ја критикуваше ЕУ за нејзините изјави за Јужното Кинеско Море

Кина силно се противи на изјавата на ЕУ за Јужното Кинеско Море бидејќи „ги игнорира историските и објективни факти“ за ова прашање и „очигледно ги поддржува“ Филипините во кршењето на кинескиот суверенитет, соопшти кинеската мисија во ЕУ.

Во соопштението се нагласува дека ЕУ треба да биде објективна и фер и да ги почитува правата и интересите на кинеската страна, како и напорите на земјите од регионот за мир и стабилност, пренесува Ројтерс.

ЕУ во четвртокот, по повод денешната годишнина од арбитражата за суверенитет на Јужното Кинеско Море, која пресуди во корист на Филипините и беше отфрлена од Кина, рече дека смета дека одлуката на Постојаниот арбитражен суд во Хаг од 2016 година е правна обврзувачки за страните во постапката, вклучително и важен наод дека Кина ги прекршила суверените права на Филипините во ексклузивната економска зона на земјата во Јужното Кинеско Море.

Треба да знаете
Последни објави