Лондонската полиција пронашла тело на новородено девојче во канта за ѓубре и уапсила маж и жена за кои се сомневаат дека го извршиле злосторството.
Полицијата уапсила 26-годишен маж под сомнение за убиство и занемарување на детето, а 29-годишна жена е уапсена под сомнение за злоупотреба на деца, јавува „Sky News“.
Двајцата се ослободени со кауција во очекување на истрага.
Генералниот полициски инспектор Сарб Каур рече дека полицијата ќе остане на местото на злосторството додека трае истрагата.