Тројца работници загинаа откако во Швајцарија се урна градежното скеле што го користеа. Осум други лица се повредени во инцидентот во швајцарскиот град Прили, во близина на Лозана, од кои четворица потешко, соопшти полицијата.
Несреќата се случила на градилиште на 19-катна дрвена зграда која е дел од трговски комплекс. Полицијата соопшти дека зградата е висока речиси 60 метри.
„Падна товарен лифт и со себе го однесе целото скеле од северната страна на зградата“
Очевидци изјавија за швајцарската новинска агенција Keystone-SDA дека товарниот лифт паднал, носејќи го со себе целото скеле на северната страна на зградата.
Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.