Реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски кога американскиот претседател Џозеф Бајден го претстави како „Претседател Путин“ на самитот на НАТО во Вашингтон стана вирална.
„И сега сакам да го претставам претседателот на Украина, кој има храброст, но и одлучност, дами и господа, претседателот Путин“, рече Бајден пред преполната соба со новинари на конференцијата за поддршката на НАТО за Украина.
„Претседателот Путин? Претседателот Зеленски, мислев што побрзо да го победиме Путин”, брзо рече американскиот претседател, поправајќи се.
🇺🇸🇺🇦 Watch Zelensky’s reaction as Biden calls him Putin 😭 pic.twitter.com/TfVoAoryDX
— Censored Men (@CensoredMen) July 11, 2024
На ова Зеленски само слатко се насмеа и продолжи со говорот.