Екстремно топлиот бран во Македонија ќе се задржи уште десеттина дена, температури и до 45 степени

Почитувани мои, дефинитивно оваа година се повторува она лето од 2007 година, кога имавме екстремно високи температури на воздухот, исто тогаш и тоа на 24 јули 2007 година е соборен и температурниот рекорд во Македонија за највисока температура од кога се мерат температурите, и тоа во Демир Капија каде се измерени дури 45.7 степени.

И во следните десеттина дена нашата територија ќе се наоѓа под влијание на овој екстремно топол бран од Африка, па така  и температурите ќе бидат екстремно високи насекаде во Македонија, што значи дека тие ќе се искачуваат до околу, па  и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите, особено во текот на следната работна седмица ќе се искачат  и до околу 45 степени.

Во Скопската котлина, исто така температурите ќе надминуваат 40 степени, односно се очекуваат максимални температури кои ќе се движат во интервалот помеѓу 40 и 43 степени. Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10.

Тука се и тропските ноќи, односно, температурите во поголем дел од Македонија и во текот на ноќните  и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Во ваква ситуација, апелираме задолжително да се почитуваат препораките од надлежите, односно препораките кои ги издава Институтот за јавно здравје.

Метео анализа на Славчо Попоски

Треба да знаете
Последни објави