Обвинение против Мерко и уште 11 лица за бесправно градење кај базенот на хотелот „Дрим“

Струшкото обвинителство достави обвиненителен акт против единаесет лица и една фирма за бесправно градење на објект кај базенот на хотелот “Дрим”. Фирмата и нејзиниот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот врз основа на основен проект изготвен во 2016 година. Мерко, кој обвиниетлството го товари за злоупотреба на службената положба, постапил надвор од своите овластувања.

-Градоначалникот на Општина Струга, третообвинет во предметот, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист – недвижност, односно дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра – ЈОРМ

Па така фирмата и управителот, кои се прво и второобвинети, наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса, си изградиле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел. Соизвршители се двајца службеници во Општина Струга, референт и раководител од Секторот за урбанизам, тие го изготвиле и одобриле одобрението за градба. Останатите седум обвинети лица се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои за време на обвинителската истрага давале лажни наоди и мислења.

Против Мерко, кој од лани е на црната листа на САД, веќе се водат два судски процеси. Едниот е за незаконската набавка на луксузното ауди од 67 илјади евра и уште три други автомобили за кои од општинскиот буџет биле потрошени 114.000 евра. Другиот е за незаконското поставување на директори во четири основни училишта во Струга.

Треба да знаете
Последни објави