Пожарот на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево во моментов се гаси од воздух, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека станува збор за пожар кој е на непристапен терен и гори шума.
-На терен се околу 100 пожарникари, припадници на АРМ, вработени на Национални шуми, доброволци ловџии и жителите на селата. Пожарот не може да се изгесне од земја, бидејќи гори шума, вели Јорданов.
МИА вчера информираше дека пожарот не е поврзан со огнената стихија во неготинскиот регион на планината Серта, туку ова е сосема друг пожар од другата страна на планината во штипскиот дел.